City Radio

City Radio
LIVE OFFLINE
Country: Macedonia
Genres: hitstop40
Loading...
track image Now Playing :

Сити Радио е музичко радио кое постои од октомври 2002-ра година, а неговата мисија е да го облагороди етерот и да направи своите слушатели да уживаат. На фреквенцијата 94.7FM, во било кој дел од денот, скопската радиска публика има ексклузивна можност да стигне до најновите музички хитови, во живо да ги проследи најголемите светски музички случувања, да се запознае со последните светски музички топ листи, да ги дознае најсвежите информации од светот на музиката и на актуелниот jet-set. Она што го прави нашето радио исклучително е совршениот склоп на водители, DJ-и, технички изведувачи и креативен тим, кои се одбрани и усогласени за да ја направат радиската програма, а и секоја минута на ова радио до перфекција испланирана, интересна, уникатна и со стил. Водителите се искусни и препознатливи гласови, кои секој ден на свој автентичен начин, со различен концепт и тема ги анимираат слушателите, провоцираат комуникација со нив, пласираат најнова музика, интересни информации и свој уникатен и стилизиран начин на радиска забава. DJ-ите на Сити Радио се сите оние актуелни DJ-ски имиња кои ги полнат најдобрите клубови, а со нивните гостувања пошироко од Македонија, тие ја рушат претставата за Сити како локално градско радио. Дека локалноста на радиото е срушена докажуваат секојдневните писма и пораки на слушатели од светот, кои имаат можност да се постојано со Сити преку нашата интернет страница. Преку својот стил и начин на постоење Сити Радио има функција на забавување, едуцирање и размена на искуства со своите слушатели, а сето тоа ја подразбира мисијата на нашето радио да го исполни етерот со свежина.

Leave a Review

Share

Leave a Reply

LIVE OFFLINE
track image
Loading...
Radio Online
Right Menu Icon

Report a Problem with Station:

Please, Fill out all the fields.

Radio Station:

Your message has been sent. Thanks 😊